IMG-LOGO
Препорачано од
gifing logo

Кои сме ние


Dish Wish е проект во склоп на компанијата Унимекрант Кетеринг, составена од соодветен стручен тим кој се грижи за навремено консумирање на редовните оброци преку проверена и докажана Хроно програма на Д-р Ана Гифинг. Правилниот начин на исхрана претставува правилно избалансирана храна преку правилен избор на намирници во одредено време од денот, консумирана во вистинско време.

Стилот на живеење е тоа што сме ние. Исхраната е една од основните потреби на човечкото тело, па од тука храната и редовните оброци претставуваат значаен сегмент од животниот стил. Секојдневните обврски, брзиот начин на функционирање ни наметнуваат отстапки од квалитетните навики на живеење .
Да не дозволиме да ги доживееме последиците на темпото на денешницата. Одвојте време за себе и препуштете ни го нам. Вашите редовни навремено доставени и консумирани оброци се наша мисија, чест и благодарност .