IMG-LOGO
Препорачано од
gifing logo
Зошто ни е потребен Витамин Б12
Зошто ни е потребен Витамин Б12
IMG

Витаминот Б12 (цијанокобаламин) е витамин кој е растворлив во вода. Честата појава на анемија најчесто се поврзува со недостатокот на витамин Б12 и малиот внес на храна од животинско потекло. Изворите на овој витамин се исклучиво во храна од животинско потекло.

Dec 30, 2019 50 Comments

Витаминот Б12 (цијанокобаламин) е витамин кој е растворлив во вода. Честата појава на анемија најчесто се поврзува со недостатокот на витамин Б12 и малиот внес на храна од животинско потекло. Изворите на овој витамин се исклучиво во храна од животинско потекло. Во човековиот организам тој се депонира во црниот дроб (50-90%). Цијанокобаламин (витамин Б12) заедно со фолна киселина ( Витамин Б9) е еден од анти-анемичните витамини, и имаат заштитна улога во организмот, бидејќи спречуваат појавата анемија.

Заедно се вклучени и во создавање на креатин, адреналин, азотни основи, нуклеински киселини, протеини и други биолошки активни супстанции. Витаминот Б12 и фолна киселина се неопходни за формирање на црвени крвни зрнца, што влијае на снабдувањето со кислород во организмот. Исто така, овие два витамина од Б групата влијаат врз имунолошката функција и расположението. Заедно со витамин Б6 и фолна киселина, можат да ги намалат високите дози на хомоцистеин во крвта. Хомоцистеин е аминокиселина која е поврзана со ризик од развој на срцеви заболувања, остеопороза, Паркинсонова и Алцхајмерова болест. Хиповитаминозата на овој витамин е појава кај вегетаријанците кои со години не внесуваат во исхраната месо , млеко и јајца.

  • I. Биолошка улога на Витамин Б12

Мал недостаток на витамин Б12 е прилично честа појава, бидејќи е витамин кој има доста сложена структура, па затоа е тешко да се апсорбира во организмот. Витаминот Б12 преку храната се синтетизира во стомакот. Користејќи ја протеинската состојка на гастричниот сок, т.н. внатрешен фактор апоетритрин, витамин Б12 се апсорбира од тенкото црево во крвта. Од крвта, витаминот Б12 се пренесува на ткивата, каде се врзува за витамини и други соединенија на азот, градејќи различни комплекси. Кисела средина во стомакот доведува до недостаток на витамин Б12. Поради тоа изборот на намирници во исхраната е доста значаен. Намирници кои го закиселуваат нашиот организам потребно е да се избегнуваат. Мал недостаток на овој витамин предизвикува замор, останување без здив, дијареа, нервоза, трнење на рацете и нозете, а сериозен недостаток предизвикува невролошко оштетување.

Покрај огромната физиолошка улога има и голема енергетска, протективна и антиинфламаторна улога:

1. Извор на енергија- Витаминот Б12 е важен извор на енергија за луѓето. Овој ефект на зголемување на енергијата е особено забележлив кога витаминот Б12 се внесува во периоди на интензивен стрес, замор.

2. Заштитна улога од разни заболувања – Според одредени истражувања забележано е дека внесот на витамин Б12 значително помага кај пациентите во третманот на бактериски и вирусни инфекции. Витаминот Б12 исто така игра улога во заштитата на организмот од разни токсини и алергени. За оваа улога на витаминот Б12 сè уште нема цврсти научни докажувања, но откриено е дека може успешно да блокира многу несакани реакции на сулфити и други различни адитиви за храна.

3. Ги ублажува невропсихијатриските нарушувања- Недостатокот на витамин Б12 е тесно поврзан со нарушено ментално функционирање, т.е. доведува до невролошки и бројни физиолошки нарушувања.

4. Значаен е за пушачите - Пушачите имаат многу ниско ниво на витамин Б12 и ниско ниво на витамин Б9. Истражувањата откриле дека пушењето го намалува нивото на овие два витамини првенствено во клетките на белите дробови и дека додавањето на комбинација на двата витамини значително ги намалува можностите за заболување од карцином на белите дробови или бронхитис.

  • II. Извори на Витамин Б12 :

Извор на Витамин Б12 е исхраната од животинско потекло и тоа : џигер, бубрези, месо, јајца, сирење, риба , школки и некои природно ферменитирани производи. Дневниот препорачан внес на Витамин Б12 за мажи и жени изнесува 3 µg/дневно, додека за трудници и доилки 4 µg/дневно.

Tags:
Сподели

50 Коментари

Showing 1-10 of 50 items.
author
i*i*i*@ababmail.com

http://mewkid.n...

author
a*d*r*v@ababmail.com

http://mewkid.n...

author
s*k*l*v*h*n*a*g*q@mail.ru

Киевстар деньги...

author
m*n*e*3*0*g*a*l*c*m@mail.ru

Baby, I love yo...

author
c*r*l*c*r*l*2*2*@bk.ru



Meet a ma...

author
i*a*s*n*2*2@gmail.com

Порно фото голы...

author
m*l*o*o*s@outlook.com

Online Pharmacy...

author
e*7*v*@gmail.com

Dental Microsco...

author
m*l*o*o*s@outlook.com

QZ87ERT-111-R-2...

author
m*l*o*o*s@outlook.com

QZ87ERT-111-R-2...

Напиши коментар

Math, for example, 45-12 = 33