IMG-LOGO
Препорачано од
gifing logo
Ликопен- моќта на црвениот каротеноид
Ликопен- моќта на црвениот каротеноид
IMG

Ликопенот е припадник на групата каротеноиди, пронајден во овошјето и зеленчукот кои содржат црвена боја, како што се домати, лубеница, малини, црвена зелка, цреши, црвен грејпфрут, кајсии, розова гуава и др. Каротеноидите се фотосинтетски пигменти кои се одговорни за бојата на овошјето и зеленчукот, додека во науката за храна тие припаѓаат на групата биоактивни компоненти

May 18, 2020 0 Comments

Ликопенот е припадник на групата каротеноиди, пронајден во овошјето и зеленчукот кои содржат црвена боја, како што се домати, лубеница, малини, црвена зелка, цреши, црвен грејпфрут, кајсии, розова гуава и др. Каротеноидите се фотосинтетски пигменти кои се одговорни за бојата на овошјето и зеленчукот, додека во науката за храна тие припаѓаат на групата биоактивни компоненти.

При процесот на созревање на плодот, ликопенот се јавува сосема на крај од овој процес и е присутен речиси само во неговиот надворешен дел-обвивката.Животните, вклучувајки го и човекот немаат способност да синтетизираат ликопен па единствена можност е да го внесуваат само преку исхраната. Долго време бил запоставуван од научниците бидејќи нема провитаминска активност т.е во организмот не се конвектита во витамин А, но денеска науката го смета како еден од најинтересните каротеноиди за истражување. За сето тоа е заслужно неговото огромно антиоксидативно својство, понекогаш и поголемо во однос на другите каротеноиди.

Повеќе научни студии имаат докажано дека зголеменото консумирање на домати го зголемува и нивото на ликопен, а со тоа се намалува и ризикот од заболување на повеќе видови канцер особено канцерот на простата. Исто така тој може да ја подобри плодноста кај мажите а преку консумирање на храна богата со ликопен се подобрува и морфологијата и мобилноста на сперматозоидите.

Како најзначаен претставник на каде што ликопенот е доминантен е доматот (Solanum lycopersicum L.). Интензивно црвената боја на плодот на доматот е благодарение на ликопенот. Тој како липофилно соединение во поголем процент се содржи во термичкиот обработен домат со масла одколку во природниот и свеж домат.

Комбинацијата на ликопен и витамин Е во исхраната, дава позитивни резултати во однос на кардиоваскуларни заболувања па од таму може да се истакне и односот на ликопенот во борбата со кардиоваскуларните заболувања.

Како и останатите картеноиди ја стимулира пигментацијата на кожата изложена на сончева светлина и обезбедува природна основа за постигнување на убав тен, а истовремено намалува и здравствен ризик од негативните сончеви зраци. Витамините Е и Ц, во синергија со ликопен и бета-каротенот, придонесуваат за зачувување на виталноста, еластичноста и природната убавина на кожата.Иако не постои препорака за дневна доза на ликопен кој треба да го конзумирате, експертите генерално препорачуваат од 2 до 30 милиграма ликопен дневно.

Tags:
Сподели

0 Коментари

No results found.

Напиши коментар

Math, for example, 45-12 = 33