IMG-LOGO
Препорачано од
gifing logo
Холестерол- негово одржување
Холестерол- негово одржување
IMG

Холестеролот претставува алкохол кој има голема молекулска тежина и во човековиот организам се синтетизира во црниот дроб. Претставува неопходен составен дел на човековиот организам кој е потребен за нормално функционирање на клетките, па од тука е и неговата значајна улога за правилно функционирање на организмот.

May 19, 2020 0 Comments

Според хемиската формула холестеролот претставува алкохол кој има голема молекулска тежина и во човековиот организам се синтетизира во црниот дроб. Претставува неопходен составен дел на човековиот организам кој е потребен за нормално функционирање на клетките, па од тука е и неговата значајна улога за правилно функционирање на организмот.

Тој на самата клетка и обезбедува цврстина на клеточниот ѕид, а во нашиот организам учествува во низа функции како што се варењето на храната, синтеза на хормони(тестостерон, прогестерон, естроген и хормони значајни за функционирање на репродуктивниот систем), значаен е за синтеза на витамин Д кој го заштитува нервниот систем и коските, кружи низ крвта а вишокот се скалдира во жолчката.

Холестеролот кој го внесуваме преку храна се наоѓа во храната од животинско потекло (месо, јајца, млеко), додека овошјето, зеленчукот, зрнестата храна не содржат холестерол.

Денеска се повеќе се зголемува бројот на лица од различна возраст кои имаат покачени вредности на холестерол (пореметување во метаболизамот на липиди), особено се повеќе е зголемен бројот на млади и слаби личности кои се соочуваат со овој проблем. Сето ова се препишува на стилот и брзото темпо на живеење на младиот човек и лошите навики во исхраната. Ова најмногу се однесува на внесот на брзи шеќери, слатки, овошни шеќери брзата и процесирана храна богата со трас-масти со кои човековиот организам тешко се бори, потоа нередовното земање и прескокнување оброци.Како последица доаѓа до пораст на нивото на шеќер во крвта и како последица на инсулинска резистенција до покачување на вредностите на ЛДЛ лошиот холестерол.

Како најчести причинители за појава на холестерол се сметаат следниве:

  • Недостаток на физичка активност
  • Зголемена телесна тежина
  • Зголемен внес на јака и мрсна храна
  • Пушење
  • Прекумерен внес на шеќер
  • Стресни ситуации

За одржување на стабилна здравствена состојабавредностие на холестеролот треба да се движат и одржуваат во физиолошки граници (4,5-5,2) mmol/l. Одредени лекови кои се користат во терапијата покажале и негативни ефекти, поради тоа храната е секогаш опција во борба со ваквите состојби.

Следниве намирници можете да ги внесувате без проблем

  • Месо: риба, пилешко, мисиркино, говедско и телешко во помали колиини, свинска кртина, пилешки и мисиркини гради, пресна шунка без маснотии
  • Млеко и млечни производи: кисело млеко, ќефир и јогурт со 0,1% маснотии, младо кравјо сирење
  • Јајца: само белка
  • Леб и тестенини : подготвени од интегрални брашна богати со диетални влакана, но во помали колиини
  • Овошје: јаболки, вишни, лимон, шумско овошје...
  • Зеленчук : дозволен е секој вид зеленчук без многу додаток на масло
  • Масти и масла: маслиново масло, авокадо
  • Пијалок: чаеви
  • Слатки намирници: без додатоци на шеќер, најдобро е слатките да бидат приготвени со одбрани намирници

Tags:
Сподели

0 Коментари

No results found.

Напиши коментар

Math, for example, 45-12 = 33