IMG-LOGO
Препорачано од
gifing logo
Храна која треба да ја отстраните од вашите трпези
Храна која треба да ја отстраните од вашите трпези
IMG

Според најнови податоци од Светската здравствена организација, нивото на пораст на хроничните заболувања споредено од 2001 до 2020 година предвидено е да се зголеми дури за 57%. Во минатото показател за појава на хроничните заболувања се сметала старосната граница, но со понови истражувања ова се покажало дека не е точно па од тука се наметнува прашањето што би можело да биде причина за нивна појава?

Sep 24, 2020 3 Comments

Грижите се за себе и уживајте во вистинската храна

Во денешниот модерен свет каде брзото темпо на живеење наметнува свои правила ние се стремиме кон правилна исхрана. Добрата исхрана не подразбира само броење калории преку кои ние мислиме дека ке постигнеме баланс во исхраната. Денешниот човек навидум е сит но гледано од нутритивенквалитет на внесената храна тој е недохранет.

Изборот на намирници е најзначаен па од тука ви препорачувме која е таа храна која треба да ја отстраните од вашите трпези.

1. Избегнувајте рафинирани житарици

Високо рафинираните житарици се составен дел на т.н брза храна која нутритивно не содржи хранливи вредности. Во индустријата за храна поради ниската хранлива вредност најчесто им се додаваат синтетички витамини и минерали и само на таков начин стануваат нутритивно стабилни.

Трудете се што повеќе да консумирате интегрални житарици. Хранливите вредности, витамините, минералите, растителните влакна се наоѓаат во обвивката на зрното, додека средишниот дел е составен само од прости јаглени хидрати.

2. Избегнувајте да додавате шеќер во храната

Шеќерот е составен дел речиси на целата храна која ја консумираме. Впрочем и неможе да се купи одреден производ кој нема додаден шеќер. Од друга страна со негово додавање се губи вистинскиот вкус на храната, па така ние неможеме да се ослободиме од лошите и прости шеќери.

Храната каде има додаден шеќер е една од водечките причини и подлога за добивање прекумерна телесна тежина или одредено заболување. Тоа се постигнува на тој начин што внесуваме многу повеќе енергија која што неможеме во текот на денот да ја потрошиме, па таа енергија си пронаоѓа свое место и се складира во масни наслаги и воедно може да предизвика болест.

3. Растителни рафинирани масла

Рафинираните растителни масла на нашите трпези постојат од 1910 година, па од тогаш благодарение на технологијата за храна тие постанале ефтини и лесни за производство.

Како пример би ги посочиле маслото од канола, масло од соја, масло од пченка, сончогледовото масло, маргарините, кои се хидрогенизирани и постојано загревани. Овие масла без современи процеси на преработка не би содржеле маснотија. При тие процеси многу хранливи и енергетски значајни материи се исчезнати како што се омега-6 масните киселини. Според хемискиот состав тие се нестабилни на повисоки температури и при загревање ја создаваат канцерогената материја- акриламид, која е присутна во пржената храна која со задоволство ја консумираме.

Според научни истражувања од 1950 година, зголемениот процент на кардиоваскуларни заболувања се должи на присуството во исхраната на рафинирани масла кои потекнуваат од неживотинско потекло. За жал, растителните масла се покажало дека се причина и во развојот на карциномот. При извршена студија врз глувци резултатите посочиле на двојно поголема појава на малигност кај оние примероци на кои им било дадено растително масло за консумирање наспроти оние кои консумирале рибино масло.

Доколку овие три групи на намирници се составен дел од вашата исхрана, еве препорака од нас да престанете со нивна консумација. Да се запрашаме каква е нивната улога врз нашето здравје.

Да бидеме сигурни дека консумираме храна која е богата со хранливи материи и да одвоиме време повторно да се поврзме со нашата кујна, бидејќи здравјето е најголемиот дар кој може да ги има еден човек.

Tags:
Сподели

3 Коментари

Showing 1-3 of 3 items.
author
i*e*u*u*o@esimail.com

http://mewkid.n...

author
i*i*e*@ofmail.com

http://mewkid.n...

author
u*i*o*f*@ofmail.com

http://mewkid.n...

Напиши коментар

Math, for example, 45-12 = 33