IMG-LOGO
Препорачано од
gifing logo
Какао- здравствени придобивки од неговото консумирање
Какао- здравствени придобивки од неговото консумирање
IMG

Какаото претставува функционална храна, која изобилува со комплекси од нутритивни елементи како што се минерали, антиоксиданти, вазоактивни па и психоактивни компоненти кои имаат позитивно влијание врз низа функции во нашиот организам. Сировото какао содржи 25 % билни масти, 20% протеини и 10% јаглени хидрати.

Oct 09, 2020 0 Comments

Какаото води потекло од тропските краеви на Јужна Америка. Расте на дрво високо 4-8 метри а за консумирање се користи неговиот плод. Уште од дамнина се сметало дека е билка која можеле да ја користат само елитните друштва и војниците.

Билните масти кои ги содржи какаото се слични на оние кои се содржани во маслиновото масло и не содржат холестерол. Најзначајно е присуството на полифенолите кои учествуваат во низа физиолошки активности и покажуваат позитивни влијанија како што се состојби на оксидативен стрес, кардиоваскуларни заболувања, агрегација на тромбоцити, намалување на ризик од дијабет, инфламаторни процеси, когнитивните функции и расположението.

Една чаша топло какао на ден може да не заштити од депресија, и сето тоа се должи на значајното количество на магнезиум во зрното какао, минерал кој често им недостасува на сите они кои се склони кон депресија, анксиозност и под континуиран стрес. Покрај тоа присуството на алкалоиди во какаото го стимулира дејството на нервниот систем. Тој го лачи хормонот на среќата па се препорачува да се вметне во исхраната кај различни видови на психички пореметувања.

Најголемата улога при консумирање на какаото ја имаат полифенолите, исто така позната е како билка која го заштитува организмот од слободни радикали, има заштитна улога при кардиоваскуларни заболувања и канцер и претставува одличен извор на железо во борбата со анемија. Од низата позитивни влијанија најзначајни се следниве:

Антиоксидантната активност – полифенолите содржани во какаото имаат улога на „чистачи“ на слободни радикали.

Анти-инфламаторна активност – активноста на полифенолите доведува до редукција на можноста за срцев удар, артеросклероза, коронарна артериска болест, срцева слабост и други кардиоваскуларни заболувања.

Позитивно делува кај дијабетичари- му помага на телото да го користи инсулинот подобро со што се одржува нивото на шеќерот во крвта.

Анти-тромбоцитно дејство - кога ендотелот на крвните садови е оштетен, тромбоцитите се активираат, ги поттикнувааат леукоцитите и ендотелните клетки со што се индицира инфламаторен одговор за да се формира тромботична формација.

Регулира покачени вредности на холестерол и шеќер во крвта - какаото може значително да го намали LDL холестеролот и нивото на вкупниот холестерол кога се конзумира во ниски дози кај пациенти со кардиоваскуларни ризик фактори.

Позитивно влијание врз кожата- какао путерот е супстанца која ја хидрира кожата, и ја штити од УВ зрачење преку повеќе механизми. Поради тоа какаото често се користи во козметичката индустрија

Големата употреба на какаото во производство на чоколадо и негови вариации дополнително ја зголемува неговата вредност. Препораката за секој од нас е секојдневнаупотреба на чашка какао во замена за кафе или конзумирање на темно чоколадо .

Какаото задолжително се препорачува кај активни спортисти, кај лица кои се на опоравување или се во развој, кај лица склони кон депресија, кај лица кои се занимаваат со интелектуална работа. Додека кај деца на возраст до 3 години, оние кои страдаат одглавоболки, кои имаат проблем со хемороиди, жени кои имаат цисти на дојките, оние кои се пречуствителни на кофеин не е препорачливо да консумираат какао. Иако во мали количини какаото сепак содржи кофеин, и кај овие лица може да предизвика несоница.

Tags:
Сподели

0 Коментари

No results found.

Напиши коментар

Math, for example, 45-12 = 33