IMG-LOGO
Препорачано од
gifing logo
Витамин Д
Витамин Д
IMG

Зимскиот период е специфичен поради недостатокот на витамин Д. Овој значаен витамин кој уште се нарекува прохормон, се создава во кожата под дејство на ултравиолетовите зраци. Хемиски претставува комплекс од Витамини од Д1- Д5, додека биолошки активни се витамин Д2 и Д3. Претставува термостабилен витамин кој не се менува на висока температура, и не трпи промени во процесите на оксидација (во контакт со кислород). Активниот облик на Витамин Д уште се нарекува калцитриол.

Oct 29, 2020 0 Comments

Физиолошката улога на овој витамин е метаболизмот на Фосфор (P) и калциум (Ca), бидејќи учествува во нивната ресорпција и депонирање во коскеното ткиво. Доколку оваа функција е неправилна доведува до сложени состојби како рахис кај децата, остеопороза, промена на структурата на забите, намалување на содржината на минералите, исто така недостатокот на витамин Д може да доведе до дијареа, несоница, болки во мускулите, нервоза.

Како нашиот организам старее способноста за производство на овој витамин во организмот опаѓа, така што после 65-та година потребата од него е двојно поголема. Жените кои страдаат од анорексија помеѓу 15-19 та година се соочуваат со мала густина на коските и дефицит на витамин Д. Недостатокот на витамин Д е појава во големите градски средини каде населението е малку изложено на сонце.За да се постигне доволна количина на витамин Д потребно е само 10-тина минути изложеност на сонце.

Кај гојазните лица витамин Д е складиран во масното ткиво и на тој начин спречена е неговата искористливост. Како дефицитот на овој витамин така и преголемата количина може да доведе до несакани последици. Пример за ова е хиперкалцемијата кај доенчињата кога калциумот се складира во меките ткива како што се плуќата и бубрезите.

Витамин Д преку храна

Преку храната Витаминот Д, наjчeсто можемe да го добиеме од рибата, рибиното масло, црн дроб, јајца, путер, печурки, додека во месото присутен е во мали количини. Кога говориме за активните форми на овој витамин, витаминот Д3 најчесто се добивал од исхраната од животинско потекло, додека Д2 се добивал од исхраната од растително потекло.

Tags:
Сподели

0 Коментари

No results found.

Напиши коментар

Math, for example, 45-12 = 33