IMG-LOGO
Препорачано од
gifing logo
Позитивните својства на наутот во исхраната
Позитивните својства на наутот во исхраната
IMG

Наутот претставува извор на јаглени хидрати и протеини. Заедно сочинуваат 80% од вкупната сува материја во семето што е значително повеќе во споредба со другите мешункасти растенија. Наутот не содржи холестерол и воедно е добар извор на диетални влакна, првенствено растворливи влакна кои го стабилизираат нивото на шеќер во крвта па од таму погоден е за консумација и од страна на дијабетичари, има низок гликемиски индекс, витамини и минерали .

Dec 03, 2019 0 Comments

Кои се позитивните својства на наутот


Cicer arietinum (наут, леблебија или слануток) е припадник на ботаничка фамилија Fabaceae, легуминози или мешункасти растенија. Во исхраната на човекот се користи плодот (зрно, бобица). Од ова големо семејство познати ни се уште и грав, грашок, боранија, луцерка, соја и др. Заедничко за целата оваа група на мешунки е присуството на високо количество на протеини во нивниот состав.

Наутот претставува извор на јаглени хидрати и протеини. Заедно сочинуваат 80% од вкупната сува материја во семето што е значително повеќе во споредба со другите мешункасти растенија. Наутот не содржи холестерол и воедно е добар извор на диетални влакна, првенствено растворливи влакна кои го стабилизираат нивото на шеќер во крвта па од таму погоден е за консумација и од страна на дијабетичари. Има низок гликемиски индекс, изобилува со витамини и минерали, извор е на железо, при што ги задоволува дури и два пати повеќе потребите од железо во споредба со месото. Од тука идеален е за консумирање во деновите на месечниот циклус, кај трудниците, доилките, состојбите на анемија, хроно исхраната, веганската исхрана па и категоријата на крвната група О позитив.

Наутот е поврзан со низа здравствени придобвки за кои е заслужен неговиот хемиски состав. Научниците утврдиле дека консумирањето на наут има позитивни влијанија во следниве ситуации :


Дијабетис - изобилието со диетални влакна овозможува намалување на нивото на инсулин и шеќер во крвта. Препорачливиот внес на диетални влакна за жени изнесува 21-25 грама влакна дневно, а за мажи 30-38 грама на дневно ниво.

Овозможува одржување на здрава коскена структура - благодарение на присуството на железо, фосфор, калциум, магнезиум, манган, цинк и витамин К.

Го одржува крвниот притисок - овозможено од присуството на калиум кој е значаен елемент за одржување на крвниот притисок.

Го одржува здравјето на срцето - поради високата содржина на диетални влакна, калиум, Витамин Ц и Витамин B6 .

Регулација на дигестијата и намалување на нивото на холестерол - исто така благодарение на диеталните влакна и ниската калорична вредност на наутот како намирница која не содржи холестерол.

Регулатор на телесната тежина- диеталните влакна кои имаат повеќекратна улога, делуваат како „средства за собирање“ во дигестивниот систем. Овие соединенија ја зголемуваат ситоста и го намалуваат апетитот, со што луѓето се чувствуваат заситени подолго време, сето тоа придонесува да се намали вкупниот внес на калории.

Во табела 1 се наведени мерки на нутритивни карактеристики на сув, варен наут и хумус, ориентирани според калориска вредност.


Табела 1 . Нутритивен профил на наут и хумус ( мерките се однесуваат на 100 грама тежина)

Нутриенти

Единица мерка

Дневен внес на калории

Сув наут

Варен наут

Хумус

Макронутриенти

Енергија (Energy)

Kcal

2000

378

164

166

Протеини (Protein)

g

50

20,47

8,86

7,90

Масти (Fat)

g

78

6,04

2,59

9,60

Јаглени хидрати (Carbohydrate)

g

275

62,95

27,42

14,29

Диетални влакна (Fiber)

g

28

12,2

7,6

6,0

Шеќери (Sugar)

g

/

10,7

4,8

/

Минерали

Калциум (Ca)

mg

1300

57

49

38

Железо (Iron)

mg

18

4,3

2,89

2,44

Магнезиум (Mg)

mg

400

79

48

71

Фосфор (P)

mg

1000

252

168

176

Калиум (К)

mg

4700

718

291

228

Натруим (Na)

mg

2300

24

7

379

Цинк (Zn)

mg

15

2,76

1,53

1,83

Бакар (Cu)

mg

2

0,656

0,352

0,527

Манган ( Mn)

mg

2

21,306

1,030

0,773

Селен (Se)

µg

70

0

3,7

2,6

Витамини

Витамин C

mg

60

4

1,3

0

Тиамин

mg

1,5

0,477

0,116

0,180

Рибофлавин

mg

1,7

0,212

0,063

0,064

Ниацин

mg

20

1,541

0,526

0,582

Пантоненска киселина

mg

10

1,588

0,286

0,132

ВитаминB6

mg

2

0,535

0,139

0,200

Фолна киселина

µg

400

557

172

83

Витамин B12

µg

6

0

0

0

Витамин A

µg

5000

67

27

30

Витамин D

µg

20

0

0

0

Витамин K

µg

80

9

4

/

Витамин E

mg

30

0,82

0,35

/

  • Извор: USDA National Nutrient Database for Standard Reference

Tags:
Сподели

0 Коментари

No results found.

Напиши коментар

Math, for example, 45-12 = 33