IMG-LOGO
Препорачано од
gifing logo
Прекумерна телесна тежина
Прекумерна телесна тежина
IMG

Прекумерната телесна тежина (дебелина) , најчесто се дефинира како состојба на абнормална или екцесивна акумулација на масти во адипозното ткиво во обем, кое може да го наруши човековото здравје. Во основа на болеста ова е процес на позитивен енергетски биланс при што екцесивното калориско внесување, непропорционално на енергетските потреби на организмот се складира во масно ткиво и како резултат на тоа се покачува телесната тежина .

Dec 06, 2019 0 Comments

Прекумерна телесна тежина


Прекумерната телесна тежина (дебелина), најчесто се дефинира како состојба на абнормална или екцесивна акумулација на масти во адипозното ткиво во обем, кое може да го наруши човековото здравје. Во основа на болеста ова е процес на позитивен енергетски биланс при што екцесивното калориско внесување, непропорционално на енергетските потреби на организмот се складира во масно ткиво и како резултат на тоа се покачува телесната тежина.

Мерката за проценка на степенот на исхранетост е индексот на телесна маса (Body Mass Index-BMI) кој го покажува односот помеѓу тежината на едно лице (во килограми) поделена со квадратот на висината (во метри). Едно лице се смета за угоено кога BMI е еднаков или повеќе од 30 кг/м 2, додека прекумерната телесна тежина постои при BMI еднаков или повеќе од 25 кг/м 2.

Како еден од најголемите јавно-здравствени проблеми во светот и кај нас, прекумерната тежина и угоеноста најчесто се карактеристични за високо развиентите општества, и претставуваат главни фактори на ризик за појава и развој на голем број хронични незаразни болести (ХНБ), вклучувајќи го инсулин не-зависниот дијабетес-тип 2, кардиоваскуларните болести и канцерот. Од друга страна можат да предизвикаат различни физички онеспособености и психолошки проблеми. Со зголемување на телесната тежина се зголемува и ризикот за развој на една од наведените ХНБ означени како ко-морбидитети.


Зошто доаѓа до покачување на телесната тежина и типови на прекумерна телесна тежина (дебелина)


За да дојде до појава на дебелина потребно е да има зголемен внес на енергиетски богата храна и намалена физичка активност како резултат на кој доаѓа до акумулирање на вишокот енергија во форма на маснотии.

Податоците од истражувањата во изминатите години посочуваат дека современите услови на живот го прават внесот на енергија преку храната далеку над оној кој ни е потребен. Од друга страна намалената физичка активност е уште еден значаен фактор кој е важен за појава на угоеност. Како фактори за сето тоа се наведуваат употребата на модерната технологија, моторните возила, лифтовите и намалената физичка активност во училиштата и на работните места.



Постојат повеќе типови на прекумерна телесна тежина од кои ние ќе спомнеме неколку меѓу кои најзначајни се :


-Наследна дебелина - се јавува како наследен синдром т.е. „синдром на дебелина“

-Дебелина поради физичка неактивност - овој тип на дебелина настанува со прекумерен внес на енергетски богата храна во комбинација со физичка неактивност. Ова е всушност најчестиот вид на појава на прекумерна телесна тежина

ебелина предизвикана од ендокринолошки и метаболички нарушувања - се јавува како резултат на ендокринолошки заболувања и состојби со секреција на хормони. Може да биде карактеристична и во период на менопауза и бременост кога постои веројатност за појава на дебелина

ебелина предизвикана од болести на централниот нервен систем - тука се карактеристични траумата, воспалението на централниот нервен систем, нервниот систем или туморите во регионот кај хипоталамусот кој е одговорен за регулирање на глад и ситост што може да доведе до развој на дебелина

-Јатрогена дебелина - консумирањето на одредени лекови како што се кортикостероиди, антидепресиви, хормони, централни стимуланси, кои

се познати како причинители за појава на прекумерна телесна тежина

Постои и друг вид на поделба на дебелината а тоа е според обликот на телото. Ваквиот вид на дебелина е зависна од дистрибуцијата на масните наслаги кај поединецот на одредена површина во телото. Според оваа поделба постојат два вида на дебелина.

-Хиноиден вид- овој вид е уште познат како тело во вид на круша, и се одликува со подкожно натрупани наслаги од масно ткиво главно субкутано, во карличниот појас и бутовите. Може да биде присутен кај обата пола. Метаболичките компликации се ретки или доколку се присутни тие се поблаги.

-Андроиден тип- тело во облик на јаболко. Без оглед на полот, се карактеризира со таложење на масно ткиво во регионот на рамениот појас горниот дел на стомакот и околу внатрешните органи. Луѓето со централна дебелина имаат поголем ризик од развој на незаразни заболувања.


Како да се спречи прекумерната телесна тежина


Како превенција во борбата со прекумерната телесна тежина се подразбира примена на низа чекори кои се насочени кон менување на целокупниот стил на живеење. Тука влегуваат промените од нутритивна гледна точка, воведувајки правилни принципи на исхрана, редукција на високоенергетска храна, внес на физичка активност во секојдневниот живот, а во некои случаеви и внес на бихевиорална терапија.

Задолжително е и да се воведе контрола во пристапот на редукција на телесната тежина, како што се специјалните сретства за подршка на слабеењето, одредени лекови и третмани кои се предлагаат од страна на нелиценцирани лица и центри за слабеење.

Tags:
Сподели

0 Коментари

No results found.

Напиши коментар

Math, for example, 45-12 = 33