IMG-LOGO
Препорачано од
gifing logo
Фитинска киселина како составен дел на намирниците
Фитинска киселина како составен дел на намирниците
IMG

Фитинската киселина претставува составен дел во исхраната од растително потекло. Најмногу е застапена кај житарките, маслодајните семиња, мешункасти растенија кои содржат 1- 2% фитати, или 60- 90% од вкупниот фосфор.

Dec 19, 2019 19 Comments

Фитинската киселина претставува составен дел во исхраната од растително потекло. Откривањето на фитатите датира од средината на XIX век. Сознанијата прв ги има објавено научникот Хартиг, како присуство на мали честици со кружна форма, слични по големина со скробното зрно на компир, во разни растителни семиња. Најмногу е застапена кај житарките, маслодајните семиња, мешункасти растенија кои содржат 1- 2% фитати, или 60- 90% од вкупниот фосфор. Според дефиниција таа претставува главна резервна форма на фосфор и други минерали во растенијата и учествува во развојот на стеблото, плодот и семето.

Во прилог, присуството на Фитинска киселина во намирници според (Schlemme и сор., 2009)

Житарки

Фитинска киселина/фитати(g/100g dw)

Пченка

0,72 - 2,22

Пченица

0,39 - 1,35

Ориз

0,06 - 1,08

Јачмен

0,38 - 1,16

Овес

0,42 - 1,16

‘Рж

0,54 - 1,46

Просо

0,18 - 1,67

Мешункасти растенија (легуминози)

Грав

0,61 - 2,38

Грашок

0,22 - 1,22

Сув грав метраш (долга вигна грав)

0,37 - 2,90

Наут

0,28 - 1,60

Леќа

0,27 - 1,51

Јаткасти плодови

Кикирики

0,17 - 4,47

Бадеми

0,35 - 9,42

Ореви

0,20 - 6,69

Индиски ореви

0,19 - 4,98

Лешници

0,23 - 0,92

Маслодајни растенија

Соја

1,00 - 2,22

Ленено семе

2,15 - 3,69

Сусам

1,44 - 5,36

Фитинската киселина и здравјето

Фитинската киселина во човековиот организам претставува антинутриент, бидејќи има способност да ги врзува фосфорот, калциумот, железото и други минерали во човечкото тело и да ја намали нивната апсорпција и искористување. Кога молекулот на фитинска киселина се врзува за одреден минерал, тогаш тоа е минерална сол на фитинска киселина наречена фитат.

Недостатокот на железо, калциум и цинк во човековиот организам се ефектите кои најчесто се препишуваат на консумирање намирници богати со фитинска киселина. Сепак, ова може да се однесува само на апсорпција на минерали од тековниот оброк, односно доколку оброкот е богат со намирници кои имаат големо количество на фитинска киселина. Доколку дневното мени е правилно избалансирано, ова нема да претставува проблем бидејќи станува збор за помали количини на минерали.

Во исхраната со намирници кои се богати со фитинска киселина треба да внмаваат: бремени жени и доилки, оние кои страдаат од анемија како и хронично болни пациенти. Што се однесува до вегетаријанската и веганската исхрана, исто така и во неа треба да се внимава дневниот внес на храна да биде добро избалансиран каде количеството на железо и фитинска киселина треба да бидат во соодветен однос.

Сепак, од фитинската киселина има и многу придобивки и позитивни ефекти врз здравјето на луѓето од кои би ги споменале следниве:

Антиоксидативно својство - Бидејќи се врзува за железо, фитинската киселина спречува создавање слободни радикали и делува антиоксидативно.

Анти- инфламаторно својство - Неговите антиоксидативни својства придонесуваат за спречување и склоност кон воспаленија во организмот.

Превенција на камења во бубрезите - Одредени клиничките студии, јасно покажуваат дека фитинската киселина може да игра значајна улога во инхибицијата на кристализацијата на солите на калциум (еден вид камен во бубрег).

Го намалува холестеролот - Конзумирањето храна богата со фитати може да го намали нивото на серум (крв) и липиди на црниот дроб: ниво на ЛДЛ холестерол, ниво на триглицеридите во црниот дроб до вкупно ниво на холестерол.

Антидијабетично дејство- Врз основа на студиите направени кај глувци, постојат индикации дека храната богата со фитати може да го намали нивото на гликоза во крвта кај дијабетичарите.

Избегнувањето на храна што содржи фитинска киселина не е правилен избор, бидејќи се губат други вредни и хранливи состојки што можеме да ги внесеме и кои му се потребни на нашиот организам. Сепак, постојат начини кои можат да ни помогнат да го намалиме количеството на фитинска киселина до одреден степен. Па од тука би ги навеле следниве методи кои можат да се применат поединечно или комбинирано :

Натопување - за житарки и мешунки, најчесто се прави преку ноќ , оваа постапка ја применуваме често пред готвење на грав,

`Ртење - `Ртење или зреење на семе и легуминоза промовира намалување на фитинска киселина,

Ферментација - органските киселини како млечна киселина од јогурт промовираат распаѓање на фитинската киселина,

Пржење - може да отстрани до 40% од фитинската киселина кај житарките и до 62% кај наутот.

Tags:
Сподели

19 Коментари

Showing 1-10 of 19 items.
author
k*w*7*@bluewin.ch

Направи $1000 $...

author
d*e*l*t*b@gmx.ch

Роботот никогаш...

author
n*v*s*p*r@gmx.ch

Се приклучат на...

author
a*d*e*l*t*n@hotmail.ch

Дополнителни пр...

author
j*d*.*a*u@bluewin.ch

Еден долар е ни...

author
p*e*p*s*t*@bluewin.ch

Заработат пари,...

author
d*l*t*@hotmail.ch

Направи вашиот...

author
a*h*r*l*e*s@list.ru

Заработат пари,...

author
g*d*m*@ifmail.com

http://mewkid.n...

author
a*n*s*d*r*n*o*1*4@gmail.com

Огромен приход...

Напиши коментар

Math, for example, 45-12 = 33