IMG-LOGO
Препорачано од
gifing logo
Печурки- извор на хранливи материи и витка линија
Печурки- извор на хранливи материи и витка линија
IMG

Печурките кои уште популарно ги нарекуваме ,,шумско месо'', претставуваат незаменлив дар од природата. Како храна и лек присутни се повеќе од илјада години. Во почетокот човекот ги користел дивите видови, а потоа се почнало и со нивно култивирање и одгледување. Постојат повеќе од 70 илјада видови на печурки, но некои од нив се и отровни, па поради тоа кога станува збор за консумирање на печурки во одредени ситуации неопходна е и консултација со стручно лице.

Jan 09, 2020 9 Comments

Печурките кои уште популарно ги нарекуваме ,,шумско месо'', претставуваат незаменлив дар од природата. Како храна и лек присутни се повеќе од илјада години. Во почетокот човекот ги користел дивите видови, а потоа се почнало и со нивно култивирање и одгледување.

Постојат повеќе од 70 илјада видови на печурки, но некои од нив се и отровни, па поради тоа кога станува збор за консумирање на печурки во одредени ситуации неопходна е и консултација со стручно лице.

Повеќе печурки во исхраната – помалку килограми

Печурките кои служат за консумација се разликуваат по доста особини како што се хранливите и лековити состојќи и што е најзначајно се одликуваат со многу мала енергетска вредност т.е малку калории. Поради тоа печурките се незаменлив дел на секоја диета. Најдобро е да се консумираат печени или динстани бидејќи со процесот на пржење имаат способност да задржуваат многу масло.

Во зависност од сортата, 100 грама печурки во просек содржат енергетска вредност од 18 до 26 Kcal, што ги прави печурките многу корисни во борбата против вишокот на килограми.

Доколку направиме споредба со други намирници јасно можеме да ја видиме нивната нутритивна вредност и зошто е оправдана улогата во борба против вишокот киограми. Па така научниците утврдиле дека печурките имаат 10-20 пати помалку калории од некои слатки или чаша алкохол, и имаат до триесет пати помалку калории од јаткастите плодови. Што се однесува до млечните производи, млекото има двојно повеќе калории од печурките, додека јогуртот околу четири пати повеќе. Млечните производи се десет пати повеќе калорични од печурките. Рибиното месо содржи неколку пати повеќе калории од печурките, како и други видови на месо кои се до десетина пати повеќе калорични.

Хемиски состав на печурките

Свежите печурки содржат значајно количество на вода (околу 91%), и посебно се значајни во исхраната поради специфичниот пријатен мирис и вкус, хранливите и позитивни биолошки карактеристики.

Свежите печурки содржат околу 2% белковини додека сушените печурки и до 20% белковини. Белковинскиот состав е многу сличен со оној од месото па поради тоа претставуваат растителна замена за месо. Протеините од печурките содржат значајни амино киселини како што се лизин и леуцин, па од тука им се истакнува нивната биолошка вредност.

Од витамините најмногу содржат витамини од Б групата, па така 100 гр шампињони задоволуваат ¼ од дневните потреби за Б-витамини и тоа витамин Б2 и нијацин (Б3). Од оваа група на витамини присутен е и витаминот Б12. Во мали количини присутни се витамин Д и витамин Е. Оние печурки кои се одгледани на повеќе светлина содржат повеќе витамин Д.

Од минералите во составот на печурките присутни се калиум, фосфор и железо. Исто така содржат цинк и бакар , додека натриум немаат па затоа се препорачуваат кај оние лица кои страдаат од покачен крвен притисок.

Печурките се одличен извор и на антиоксиданси и многу други хранливи состојќи. Еден од нив е минералот со антиоксидативно својство – селен. Тој има својство да ја одржува кожата еластична, да го зајакне имунолошкиот систем и да се спротистави на тешките метали присутни во околината. Консумирајќи печурки тие помагаат кожата да биде здрава и еластична.

Во нашата исхрана најпознати се следнива видови на печурки : Шампињони (Agaricus campester), Буковка (Pleurotus ostreatus), Вргањ (Boletus edulis), Ши-таке (Lentinula edodes).

Tags:
Сподели

9 Коментари

Showing 1-9 of 9 items.
author
a*u*d*@fhdgse.sadsdskfm.com

http://mewkid.n...

author
m*m*l*g*d*c*0*@outlook.com

QZ87ERT-111-R-2...

author
e*i*e*u@fhasdf.sadsdskfm.com

http://mewkid.n...

author
i*w*c*o*x@hfgdas.popmile45.com

http://mewkid.n...

author
u*u*i*@jhgds.safffsmail.com

http://mewkid.n...

author
e*o*e*e*@jhgfd.sadsdskfm.com

http://mewkid.n...

author
u*a*i*u@kjhsdf.safffsmail.com

http://mewkid.n...

author
u*i*z*r*z@fhdgse.sadsdskfm.com

http://mewkid.n...

author
i*e*e*@jhgds.safffsmail.com

http://mewkid.n...

Напиши коментар

Math, for example, 45-12 = 33