Хроно програмата е погодна и за оние што водат вегетаријански начин на исхрана. Секој организам како индивидуа има различни потреби и барања кон храната. Во секојдневието се соочуваме со различни видови на алергии од храна, па сме принудени одредени намирници да ги отстраниме од секојдневната исхрана.Такви алергени се јајцата , млекото , лактозата од млечните производи. Месото и млечните производи во одредени случаеви можат да му наштетат на нашиот организам. Од нутритивна гледна точка постојат многу намирници кои би ни ги задоволиле потребите од протеини, кои се главни градливи елементи на исхрана. Воедно зеленчукот е идеален извор на диетални влакна и консумирајќи го во свежа сосотојба тој е богат со витамини и вода, па од тука може да се констатира дека постои група на консументи кои секојдневно поубаво би функционирале само со внес на исхрана од растително потекло