Хроно исхраната се базира на три основни постулати и тоа: да се внимава што се јаде, да се внимава кога се јаде и да се внимава на комбинациите од кој се приготвени оброците. Прескокнувањето на оброците, нивна замена или внесување на намирници кои немаат соодветна нутритивна вредност, доведува до негативен баланс во организамот. Во хроно исхраната оброците се земаат во точно определена временска рамка. Со овој начин на исхрана се регулира нивото на инсулин во крвта и се намалува ризикот од таложење на масно ткиво во телото. Јаглените хидрати се земаат само наутро што претставува најдобар начин за регулирање на телесната тежина, и процесираната храна е целосно исклучена во хроно исхраната.