Почетната фаза во хроно исхраната, во траење од 28 дена, овозможува губиток на килограми за кратко време. Доколку во овој период се постигне посакуваната тежина периодот на рестрикција може и да се прекине, додека во некои ситуации може и да се продолжи. Во овој период телото се чисти од токсини, киселоста на организмот ги постигнува прифатливите размери, нивото на холестерол и шеќер во крвта се намалува и организмот се ослободува од вишок на течности. Во овој период на хроно исхраната некои намирници се исфрлени или нивниот внес е ограничен. Тоа се должи на нивниот висок гликемиски индекс преку кои внесот на шеќери особено намирници кои содржат прости шеќери е сведен на минимум или целосно исклучен. Во овој период дозволени се три оброци кои се земаат на растојание од 5 часа.