IMG-LOGO
Препорачано од
gifing logo

Која хроно програма
најмногу ти одговара

Неделно мени хроно исхрана- рестриктивен период

Хроно исхрана - рестриктивен период претставува почетна фаза во хроно исхраната чија цел е губиток на килограми за краток период. Покрај губитокот на килограми со овој начин на исхрана се постигнуваат низа други бенефити врз општата здравствена состојба, како што се намалувањеа на шеќер во крвта, намалување на вредностите на лошиот холестерол, ослободување од вишокот на течности во организмот. Со цел да почувствувате како овој начин на исхрана би влијаел на вашиот организам можете да се претплатите на неделниот пакет кој содржи 3 комплетни  оброци за период од 5 работни денови, составени од Др. Ана Гифинг. 

Неделно мени- вегетаријанска исхрана

Секој организам како индивидуа има различни потреби и барања кон  храната. Поради тоа хроно програмата е погодна и за оние што водат Вегетаријански начин на исхрана.Овој начин на исхрана базиран според временски часовник на земање на оброците, само со намирници од растително потекло, вклучувајќи ја и рибата како идеален извор на Омега 3 масни киселини е идеален и за време на верските пости.Ова мени е наменето за сите они кои сакаат да започнат со вегетаријанска исхрана но до сега немале можност да го испробаат тој начин на исхрана. Овој пакет содржи 3 комплетни вегетаријански оброци за период од 5 работни денови, составени од Др. Ана Гифинг. 

Неделно мени- регуларна хроно исхрана

Хроно исхраната се базира на три основни постулати и тоа: да се внимава што се јаде, да се внимава кога се јаде и да се внимава на комбинациите од кој се приготвени оброците. Прескокнувањето на оброците, нивна замена или внесување на намирници кои немаат соодветна нутритивна вредност, доведува до негативен баланс во организамот. Во хроно исхраната оброците се земаат во точно определена временска рамка. Со овој начин на исхрана се регулира нивото на инсулин во крвта и се намалува ризикот од таложење на масно ткиво во телото. Јаглените хидрати се земаат само наутро што претставува најдобар начин за регулирање на телесната тежина, и процесираната храна е целосно исклучена во хроно исхраната.Ова мени е наменето за сите они кои сакаат да започнат со регуларната хроно исхрана но до сега немале можност да ја испробаат таа исхрана. Овој пакет содржи 3 комплетни хроно оброци за период од 5 работни денови, составени од Др. Ана Гифинг. 

Вегетаријанска исхрана

Хроно програмата е погодна и за оние што водат вегетаријански начин на исхрана. Постојат периоди кога на нашиот организам му е потребно т.н прочистување од исхраната од животинско потекло.За таа цел се препорачува хроно исхраната за вегетаријанци, која изобилува со свежи, не многу термички обработени намирници, богати со  витамини, протеини, диетални влакна кои на организамот му овозможуваат прочистување, енергија и свежина.
 

Хроно исхрана- рестриктивен период

Рестриктивниот период е почетната фаза во хроно исхраната, во која телото се чисти од токсини, се ослободува од вишокот на вода, се воведуваат редовни дневни оброци и е препорачано да трае најмалку 28 дена. Главниот постулат на хроно исхраната а тоа е временскиот распоред на оброците во овој период е од особено значење. Нормализирање на киселоста на организмот и внесот на намирници со понизок гликемиски индекс претставуваат база во хроно исхраната и првите резултати од овој процес се видливи токму во овој период на рестрикција.

Регуларна хроно исхрана

Нашиот организам може да има придобивки од исхраната само ако правилните намирници ги внесуваме во вистинскиот период во текот на денот. Прескокнувањето на оброците, нивна замена или внесување на намирници кои немаат соодветна нутритивна вредност, доведува до негативен баланс во организамот. Секој оброк има свое значење па поради тоа ниеден од нив не треба да биде заменет или изоставен.
Според хроно програмата на Др Ана Гифинг, ви се овозможува внес на правилно и нутритивно избалансирани оброци, кои имаат точно определено време на консумирање.