IMG-LOGO
Препорачано од
gifing logo
- Извршив плаќање но не добив маил за потврда, што треба да направам?
Доколку дојде до таква ситуација Ве молиме исконтактирајте го нашиот тим за поддршка на нашата е- пошта: contact@dishwish.mk и притоа наведете ги Вашите податоци како ви можеле веднаш да реагираме и да ја решиме настанатата ситуација.

- Имам проблем при најавата на мојот профил, што да направам?
- Доколу дојде до таква ситуација Ве молиме проверете ги внесените податоци за најава или  исконтактирајте го нашиот тим за поддршка на нашата е- пошта: contact@dishwish.mk .

- Не можам да креирам профил на страната, што да направам?
- Доколку дојде до таков проблем Ве молиме контактирајте го нашиот тим за поддршка на нашата е- пошта: contact@dishwish.mk или телефонски на нашиот број +389 76 22 00 11.
Кои се здравствените придобивки од хроно исхраната?

-Идеална е за чистење на нашиот организам, постигнување баланс помеѓу хормоните и ензимите, се намалуваат вредностите на холестеролот, триглицеридите и шеќерот, се ослободува вишокот на вода од организмот и вишокот килограми.

Зошто оброците не смее да се прескокнуваат?

- Најчесто знаеме да кажеме " Ништо не јадам а све се лепи на мене ". Одговорот на ова прашање лежи во пореметувањето на базалниот метаболизам, како  резултат на пресокнувањето на значајните оброци во текот на денот, рестриктивните диети, недоволна физичка активност и внес на нискокалорична храна во било кој дел од денот.

Што претставува базалниот метаболизам?

-Според дефиниција тоа е најмалата количина на енергија која ни е потребна за нормално функционирање на сите органи во нашиот организам во период на целосно мирување на организмот односно во лежечка положба. Неговата вредност зависи од : телесната тежина, количина на масно ткиво и мускулна маса, вода во организмот, пол, возраст и општа здравствена состојба на организмот.
 
Што е разликата помеѓу рестиктивен и вонрестриктивен период во хроно исхраната?
-Рестриктивниот период  е првиот  дел од исхраната кој трае 28 дена и во тој период се губат најмногу килограми.
Во вон- рестриктивниот период се дозволува консумирање намирници забранети во рестрикција и се дозволува ужина помеѓу ручекот и вечерата.

Кој вид на хроно исхрана би ја препорачале за поголем губиток на килограми?
-Тоа  е рестриктивниот период во хроно исхраната. Трае 28 дена но може да трае и повеќе од 28 дена доколку не е постигнат посакуваниот број на килограми.

Зошто е значајно временското растојание помеѓу оброците?
-Растојанието помеѓу оброците во хроно исхраната се движи од 4-5 часа. Секоја намирница си има време кога треба да биде консумирана со цел да се намали киселоста на организмот исхрана па од тука е и значајноста во часовите на земање на храна.

Кои се најчести грешки во хроно исхраната кои ги успоруваат резултатите?

- Внес на овошје и слатки во првите 28 дена;
- Прескокнување на доручекот ;
- Внес на леб, пецива, ориз, компир, мешункасти зеленчуци др намирници кои содржат скроб;
- Прекумерна или несоодветна физичка активност;
- Консумирање пиво и останати видови алкохол;
- Несоодветна консумација на суплементи;
- Кој е минималниот период на претплата?
- Минималниот период на претплата е 22 работни денови.

- Зошто не можам да се претплатам на помал период или да нарачувам ден за ден?
- Како би понудиле навремена достава, квалитетно приготвен оброк и со квалитетни намирници мораме да вршиме подолгорночно планирање на залихите, рутите на достава и организацијата во кујна, за тоа е потребно да минималниот период на претплата биде 22 работни денови. 

- После колку време започнува доставата од денот на претплатата?
- Од кога ќе извршите плаќање за пакетот кој ви одговара, доставата започнува два работни дена.

- Дали може да ја откажам претплатата?
- Поради административни причини не сме во можност да извршиме поврат на веќе наплатените средства но доколку поради некоја причина не сте во можност да ги примате вашите нарачки тогаш преку вашиот профил можете да извршите одлагање на истите и тие ќе ви бидат доставени во наредниот период кој сами ќе го изберете.

- На кој пакет да се претплатам?
- Изборот за пакет го правите сами според вашите потреби и можности, доколку не сте сигурни кој пакет Ви е потребен тогаш можете да го контактирате нашиот нутриционист кој Ви стои на располагање.
- Дали може да го доставувате доручекот или ручекот и вечерата  на две различни адреси?
- Доставата се врши само на  една адреса односно на таа која Вие сте ја навеле при креирање на Вашиот профил. Доколку дојде до промена поради било која причина на адресата за достава Ве молиме навремено да не контактирате.

- Во колку часот се врши доставата?
- Доставата се врши во наведениот временски период односно доручек од 08: 00  до 09:30 и ручек и вечера од 12:30 до 14:00 часот. Во сабота, недела и државни празници не вршиме достава.

- Доколку се случи да не сум достапен на телефон или не одговарам дали доставувачот ќе ме чека на адресата?
- Поради навремената достава на сите клиенти нашиот доставувач ќе проба да ве исконтактира неколку пати на телефонскиот број кој сте го регистрирале во Вашиот профил. Доколку не сте достапни или не одговарате, доставувачот може да ја остави храната на местото кое вие сте го навеле во Вашиот профил, а ако не сте навеле такво место, тогаш храната се враќа во нашата кујна.
 

Сите ваши прашања и предлози

Имаш прашање за нас или пак за нашиот нутриционист? Слободно испрати ни го преку нашата контакт форма а нашиот тим ќе те исконтактира во најбрзо време.